Home » Македонската фаланга од Виена патува во Копер

Македонската фаланга од Виена патува во Копер

by Rebeka Spasova
13 views
Почитувани членови и симпатизери на Македонската фаланга – Виена,
 
Со срдечна радост Ве информираме дека во периодот од 5 до 7 септември 2025 година организираме заедничко патување и дружење во Копер, Република Словенија. Фамилијарни три дена на плажа покрај морето со мирис на сол, звукот на брановите, капење, смеа и радост, а навечер прошетки покрај шеталиштето, уживање во летната атмосфера.
 
Ова ќе биде дружење што ќе го паметиме и моменти што ќе ги носиме во себе. Не дозволувајте другите да ви раскажуваат!
 
Цена на патувањето:
• За членови на Фаланга: 165 €
• ⁠За оние кои не се членови: 195 €
 
(До денот на патувањето секој може да стане член на Фалангата и да ги користи нашите попусти.)
 
Во цената е вклучено:
• Превоз со комфорен автобус;
• Две ноќевања во хотел во Копер;
• Доручек.
 
Програма:
• Поаѓање: петок, 5 септември, во 01:30 часот
– Локација: Бус терминал Erdberg, (Erdbergstraße 200A, 1030 Wien)
• Враќање: недела, 7 септември, тргнување околу 16:00 часот од Копер (во договор со групата)
 
За пријавување и повеќе информации:
• ‪+43 664 2131146‬
• ‪+43 664 9142831‬
• 0676 879935078
 
Бројот на места е ограничен – пријавете се што е можно поскоро!
 
Со почит,
Раководство на Македонска Фаланга – Виена 🇲🇰

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе