ПРОГРАМА ЗА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 80-ГОДИШНИНАТА ОД КОДИФИКАЦИЈАТА НА МАКЕДОНСКИОТ СТАНДАРДЕН ЈАЗИК
На 13.2.2025 година е формирано Координативното тело за изготвување на програмата за одбележување на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, коешто ја подготви следната програма:
МАРТ
Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Совет за македонски јазик на
12.03.2025 година: Научна трибина „Статусот на македонскиот јазик – состојби и перспективи“
Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола:
19.03.2025 година: Работилница: „Јазични предизвици – стандарден vs говорен јазик“
АПРИЛ
Универзитет во Тетово:
9.04.2025 година: Работилница со матурантите од средните училишта од Полошкиот регион
Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола:
10.04.2025 година: Работилница: „Современиот македонски јазик во медиумите: Предизвици и перспективи“
Универзитет во Тетово:
28.04.2025 година: „Македонистичка вечер“
28.04.2025 година: Пригодни предавања од страна на еминентни македонисти
МАЈ
5.05.2025 година
Свечена академија по повод 80 години од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, Македонската академија на науките и уметностите, обраќања на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, акад. Живко Попов, министерката за образование и наука, Весна Јаневска, министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Покровител – претседателката Гордана Сиљановска-Давкова; (12 часот)
Свечена културно-уметничка програма во НУ Македноски народен театар Скопје, под покровителство на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Христијан Мицкоски, со негово обраќање, по што е предвидена пригодна културно – уметничка програма.
Изложба на слики од циклусот „Букви“ на Сергеј Андреевски. (20 часот)
НУ Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје:
Порака по повод 5 Мај − Денот на македонскиот јазик на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Изложба на публикации од фондот на НУ Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје поврзани со македонскиотјазик и неговата кодификација
5.05.2025 година
Амбасади, дипломатско-конзуларни претставништва, културно-информативни центри на Република Северна Македонија во Белград, Загреб, Истанбул, Софија и Тирана и Лекторатите на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје: Одбележување на јубилејот со пригодни настани
Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје:
6−7.05.2025 година: Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик – 80 години од кодификацијата“.
6.05.2025 година: Годишен состанок на координаторите на Македонистичката мрежа на ЦЕЕПУС.
8.05.2025 година: Екскурзија во Небрегово.
9−10.05.2025 година: Научен собир „Млади македонисти“.
ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје:
15–16.05.2025 година: Манифестација „Денови на Благоја Корубин“ и Меѓународен научен собир „Јазикот во медиумите – состојби, предизвици и перспективи“ (80 години македонска азбука и правопис во медиумите).
ЈНУ Институт за македонска литература – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје:
- 15–25.05.2025 година:Проект со ученици од средни училишта „31 буква − 31 приказна“,
- 15–25.05.2025 година:Проект со ученици од основни училишта „Бушави букви“.
Филолошки факултет во Штип, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип:
14.05.2025 година: Тркалезна маса на тема „Кодификацијата на македонскиот јазик како процес“ (излагања и дискусија);
28.05.2025 година: Работилница со студентите на Филолошкиот факултет (од сите катедри) за Правописот на македонскиот јазик.
ЈНУ Институт за македонска литература – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
20−24.05.2025 година: Рута на светите Кирил и Методиј, културна рута на Советот на Европа
Културната рута на светите Кирил и Методиј, ќе се одржи во Скопје и Охрид. Во Охрид сe предвидува одржување на тркалезна маса на тема: Кирилометодиевското наследство во Охрид и Преспа, како и посета на културно-историските споменици посветени на Светите Кирил и Методиј. Очекуваме присуство во живо на околу 15 учесници од странство, односно од Чешка, Словачка, Бугарија, Грција и други и претставници од Македонија од ЈУ Институтот за македонска литература при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и од Институтот за старословенска култура во Прилеп.
ЈУНИ
ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во координација со општина Велес:
„Рацинови средби“ – научна конференција во чест на Кочо Рацин и на кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
ЈУЛИ
26.07 – 1.08.2025 година
Агенција за иселеништво:
Летно училиште за македонски јазик за децата на иселениците, Охрид,
НУ Национална и универзитетска библиотека„Св. Климент Охридски“ Скопје:
Подарок книги на учесниците на летните школи по македонски јазик, организирани од Агенцијата за иселеништво за децата на нашите иселеници.
Охридско лето: претстава на театар од Република Северна Македонија.
АВГУСТ
Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура:
14 – 28.08.2025 година: Одбележување на јубилејот на 58 Летна школа на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и на
29 – 30.08.2025 година: 52. Меѓународна научна конференција на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
Струшки вечери на поезијата;
20 – 25.08.2025 г.
Одбележување на јубилејот со пригоден настан.
Агенција за иселеништво:
Доделување на награда „Стојан Христов“ за најдобра книга поезија напишана од иселеник во рамки на Струшките вечери на поезијата, во чест на 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик.
ОКТОМВРИ
Македонска академија на науките и уметностите:
9.10.2025г.: Промоција на Зборникот од проектната соработка на Македонската академија на науките и уметностите и Српската академија на науките и уметностите „Јазикот како запис на културата во етнолошката и лингвистичката анализа на релација Србија – Македонија“.
НОЕМВРИ
ЈНУ Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје
12 − 13.11.2025 година: Меѓународна научна конференција „Македонскиот јазик −извор на научни истражувања“ (јубилеите поврзуваат и обврзуваат; 80 години кодифициран македонски јазик; обиди за стандардизација во 19 век преку Ѓоргија Пулевски и во 1925 преку Абецедарот; нашите претходници), во рамките на Отворените денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.
ДЕКЕМВРИ
НУ Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје:
Организирање научна средба по повод патрониот и државен празник 8 Декември, на тема „Светиклиментовото дело и континуитетот на македонскиот јазик“. Координатор на Дванаесеттата научна средба ќе биде проф. д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на Македонска академија на науките и уметностите.
Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола:
5.12.2025 година: Свечена академија по повод патрониот празник, 8 декември, Перформанс посветен на 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик
ДРУГИ АКТИВНОСТИ:
Изработка на лого и поштенска марка (Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола и АД „Пошта на Северна Македонија“ Скопје.
НУ Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје:
Издавање и промоција на фототипни изданија од значајни публикации од фондот на НУ Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Скопје.
ЈНУ Институт за македонска литература – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје:
Тематски текст во меѓународното списание „Филолошки студии“;
Тематски текстови во списанието „Спектар“, бр. 85 и 86, 2025 година;
Трибина: „Преглед на првите книжевни преводи од кодифицираниот македонски јазик на другите светски јазици“.
Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола:
Дебатниот клуб УКЛО КОЛОРС АргументУМ ќе организира неколку дебатни средби на теми за јазикот, за поттикнување критичко размислување кај младите за развојот на јазикот и неговата иднина, во текот на март, април и мај 2025;
Промоција на медиумите на Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола:
- Циклус цитати – македонските писатели и поети;
- Изработка на кратки аудио клипови со препознатлив џингл, 80
години стандарден македонски јазик
- Промоција на македонскиот јазик како идентитетска одредница низ пораки од познати македонски дипломати, уметници и спортисти за македонскиот јазик, од март до декември 2025 година.
- Вклучување на Универзитетското радио УКЛО ФМ во промовирање на стандардниот
македонски јазик со тематски работилници и емисии за: студенти, средношколци и основци, од март до декември 2025 година.