Home » Лавовите од Престон, македонски фудбалски клуб од Австралија подготвени за турнеја во Македонија!

Лавовите од Престон, македонски фудбалски клуб од Австралија подготвени за турнеја во Македонија!

by trinitymedia
61 views
Сениорскиот машки тим на Лавовите од Престон, Македонски фудбалски клуб од Престон, Мелбурн, Австралија, ќе го претставуват клубот и заедницата во Македонија. Тимот во Македонија ќе престојува од 15 септември и ова патување ќе служи како тренинг камп пред Австралиското првенство.
🤝Клубот и играчите, исто така, ќе волонтираат и ќе учествуваат во некои хуманитарни добротворни иницијативи за време на турнејата, вклучувајќи го и донирањето на средствата од добротворната акција за Кочани.
Турнејата на македонскиот фудбалски клуб, Лавовите од Престон, е овозможено од страна на Министерот за надворешни работи на Македонија, Тимчо Муцунски и Фудбалската федерација на Македонија предводена од претседателот Масар Омерагиќ.
Ќе се игра во Охрид, Скопје и Битолa.
🙏Тимот се заблагодарува до главните спонзори на ова патување
⭐️Supreme Electrical
⭐️Electrical Connectivity
⭐️Solar Arena
⭐️Precise Building Surveying
и сите останати.
✈️Патот е целосно финансиран од ФФМ, наведените спонзори, поединци, придонес од играчи, како и авио компанијата Туркиш ерлајнс.
⚽️⚽️⚽️Со нетрпение го очекуваме натпреварот со:
23/9 – Вардар во Скопје 15:30 часот
25/9 – Пелистер во Битола 15:30 часот
-Ова е чест за нашиот Клуб, играчите, претставниците кои ќе ја претстават нашата заедница, нашиот Клуб и нашите навивачи-
наша гордост -(изјавија од клубот)
PLFC

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе