Home » Концерт на заедништво, великодушност и љубов кон класичната музика

Концерт на заедништво, великодушност и љубов кон класичната музика

by Rebeka Spasova
13 views

Во недела, на 27 април 2025 година, во салата „Тоше Проески“, во просторот на Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска“ – Загребсе одржа концерт на класична музика во чест и со посвета на настраданите во пожарот во Кочани и во знак на поддршка кон нивните семејства.

Концертот го организираа македонските студенти кои студираат на Музичката академија во Загреб, заедно со нивните хрватски колеги, во соработка со Советотот на македонското национално малцинство за Град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска.

На концертот со избрани дела од класичниот репертоар настапија:

Виктор Рафајловски, клавир; Дамјана Апостоловски, сопран; Ема Ковачевиќ, клавир; Јана Стоилевска, сопран; Јосип Галиќ, баритон; Андреа Николовска, клавир; Катарина Коцељ, виолина; Ловре Тунуковиќ, виолончело; Карло Ѓурѓевиќ, клавир; Марта Бешлиќ, клавир; Даријан Ивезиќ, клавир.

Презентирајќи го богатството и разноликоста на класичната музика, со своите виртуозни изведби, изведувачите на концертот допринесоа во унапредувањето на културата, истовремено  нѐ обединија сите нас да оддадеме почит на оние кои неодамна ги изгубивме. На концертот, во многубројната публика беа истакнати представници на Хрватскиот собор, Хрватската влада и македонските институции во Хрватска, кои потврдија дека настанот беше – Концерт на заедништво, великодушност и љубов кон класичната музика.

 

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе