Home » Конзуларен ден во Пјаченца

Конзуларен ден во Пјаченца

by Rebeka Spasova
15 views
Почитувани сонародници,
Ве известуваме дека нашето Македонско културно-уметничко друштво Обединети за Иднината (UnitiperilFuturo) , во соработка со Македонскиот конзулат во Венеција, ќе организира „Конзуларен ден“, овде, во Пјаченца.
Оваа иницијатива на наше барање е посветена на сите оние кои треба да ја подигнат потребната документација директно од нашиот Конзулат.
Конзулот и неговите соработници ќе бидат присутни во нашата канцеларија за да одговорат на вашите барања и да ја издадат потребната документација.
За да го планирате овој ден, од суштинско значење е да направите резервација и да го наведете видот на барањето.
Со оваа информација, ќе можеме ефикасно да го планираме настанот, со што ќе избегнеме нашите сонародници да патуваат до Венеција.
Ве покануваме да не’ контактирате на нашите броеви за повеќе информации и да ги резервирате вашите барања.
Програмата е планирана за почетокот на месец јули или според вашите пријавувања ќе утврдиме дата, но треба да го знаеме бројот на барања за подобро да го организираме настанот.
Споделете во што поголем број да може да стигне пораката до сите наши Македонци во Пјаченца и надвор.
Да ја искористиме можноста за да не патуваат нашите сограѓани до Венеција.
Голема благодарност до Конзулатот за достапноста и подршка за нашата заедница во Пјаченца.
Со почит.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!
Close