25
Македонската православна општина за Мелбурн и Викторија на 4 мај, недела, ќе одржи комеморација по повод 122-годишнината од убиството на великанот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев, револуционер, учител, апостол и основополжник на државноста на Македонија во македонската понова историја.
Утринската богослужба е во 9 часот, а панихидата во 11:30 часот во МПЦ „Свети Ѓорѓи и Пресвета Богородица во Епинг.