11
Агенцијата за иселеништво на 26 мај 2025 година, ќе ја организира третата по ред Иселеничка литературна средба на која ќе се одржат промоции на делата и писателите кои творат и живеат во странство. За активно учество на средбата се пријавија 11 писатели и сите имат учествувано на средби од литературен карактер во организација на Агенцијата.
Средбата ќе биде еднодневна и ќе се одржи во Клубот на пратеници во Скопје, со официјален почеток од 10:00 часот. Оваа година ќе бидат присутни и заинтересирани домашни писатели, со цел вмрежување, размена на искуства и дискусии. Средбите од ваков вид Агенцијата за иселеништво ги организира во рамки на надлежноста за културен развој на иселениците, со цел промовирање на авторите, кои преку литературниот збор го чуваат и негуваат македонскиот јазик во средините каде живат и работат.