Home » Илинденски пикник во организација на Македонската православна црква „Свети Илија“ – Мисисага

Илинденски пикник во организација на Македонската православна црква „Свети Илија“ – Мисисага

by Rebeka Spasova
11 views
Во неделата пред Илинден и патрониот празник на црквата „Свети Илија“, во прекрасниот црковен парк во Мисисага се одржа традиционалниот Илинденски пикник – настан исполнет со радост, заедништво и македонски дух.
 
Прекрасното сончево време, мирисот на скара, освежителни пијалаци, домашни колачи, македонски ајвар и сочно приготвени ќебапи создадоа вистинска атмосфера на македонско славење.
 
Претседателот на црковниот одбор, г. Васко Недановски, заедно со целата управа, организираше извонреден пикник, збогатен со жива музика од групата Balkan Entertainment, која се погрижи за доброто расположение.
 
Женската секција, под водство на вредната Данка Тасеска, приготви слатки и солени специјалитети, кои беа вистинско уживање за сите посетители.
 
На 2 Август, на големиот празник Илинден, во црквата „Свети Илија“ ќе се одржи празнична литургија под раководство на отец Благој Пенев.
 
Кумот на црковниот празник, г. Трајче Јанакиевски, ве поканува на заеднички ручек по завршувањето на литургијата.
 
За многу години!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе