Home » Илинденски денови во Врање

Илинденски денови во Врање

by Rebeka Spasova
13 views

Здружението на Македонците за Пчињскиот округ „Гоце Делчев“ во Врање и годинава ја одбележа традиционалната Илинденска прослава во чест на големиот христијански празник Свети Пророк Илија.

Културната манифестација „Илинденски денови, 2025“ спроведе повеќе активности. На организираната крводарителска акција беа собрани 79 крвни единици. Зурлите и тапаните од Вевчани од Македонија беа посебна атракција и доживување за Македонците со македонските ора и песни.

Илинденската вечер беше почестена со присуството на македонскиот амбасадор во Србија, проф. д-р Никола Тупанчески. Присуството на амбасадорот во Пчињскиот округ е од посебен значај за сите Македонци кои живеат на овие простори.

Делегација на НСМНМ во Р Србија, Димчески и Ристески, положи цвеќе во манастирот „Свети отец Прохор Пчински“ во спомен на одржувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија – АСНОМ.

Здружението на Македонците за Пчињскиот округ „Гоце Делчев“ во Врање годинава формира Форум на млади „Гоце Делчев“ и Културно-уметничко друштво „Гоце Делчев“, кој имаше прекрасен настап пред Македонците на културната манифестација „Илинденски денови“ со гостите од Вевчани – зурлите и тапаните.

Координиравме  со 18 идни владини студенти за запишување за 2025/2026 год., кои успешно положија познавање на македонски јазик на Филошки факултет и сите други услови што се бараа во Конкурсот, плод на нивната поддршка е формирање на КУД „Гоце Делчев“ и Форум на млади „Гоце Делчев“ – Пчињски округ.

„Горди сме на постигнатите резултати, тоа е макотрпна работа на сите членови на Здружението на Македонците за Пчињскиот округ „Гоце Делчев“ во Врање. Достојно ги одбележување значајните датуми, настани и личности од македонската култура и историја, ги негуваме македонските обичаи и традиции, ги одржуваме врските со татковината Македонија. Лојални државјани сме на Србија и српското општество ги цени Македонците во Србија како свои браќа и сестри“, вели Пецо Ристески, претседател на Собранието на Здружението „Гоце Делчев“.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе