Home » Изложбата „Под привидот, море на љубовта чека на нас“ на македонската академска сликарка Оливера Цавриќ, претставена во Загреб

Изложбата „Под привидот, море на љубовта чека на нас“ на македонската академска сликарка Оливера Цавриќ, претставена во Загреб

by Rebeka Spasova
20 views

Во четврток, на 27 март 2025 г. во Културно-информативниот центар на Р.С. Македонија во Загреб, академската сликарка Оливера Цавриќ ја претстави својата самостојна изложба под наслов Под привидот, море на љубовта чека на нас.

На отворањето на изложбата присуствуваа истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, како и бројни Македонци кои живеат, односно работат или се школуваат во Загреб. Во предговорот за изложбата говореше Саша Станишиќ.

Изложбата е замислена како своевидно патување низ три уметнички дела кои заедно чинат единствена целина која тера на рефлексија, на чувствување и разум. Така, претставените дела  предизвикаа силно емотивно доживување и интелектуален ангажман кои ја воодушевија публиката. Токму таква е новата изложба на Оливера Цавриќ – „Под провидот, море на љубовта чека на нас„ – нуди единствено медитативно аудиовизуелно искуство.

Оливера Цавриќ е родена во Скопје, дипломира во 2003 г. на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во класата на проф. Душан Перчинков. Досега учествувала на бројни групни изложби, а ова е нејзина втора самостојна изложба.

Покрај со споственото уметничко творештво, Цавриќ е ангажирана и во одржување на седмични ликовни работилници, кои ги води во сопственото студио, каде го споделува своето знаење и искуство со други љубители на уметноста. Долгогодишното искуство во маркетиншката индустрија остава значителен белег врз нејзиниот уметнички израз, обликувајќи го нејзиниот визуелен јазик и пристап во творештвото.

Изложбата е реализирана во организација и соработка на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб и Културно-информативниот центар на Р. С. Македонија во Загреб.

 

Фотографиите се на Јерко Грубишиќ.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!