Почитувани иселеници,
Заради драстично намалениот буџет во тековната 2025 година, Агенцијата за иселеништво е присилена да го намали бројот на проекти. Се одлучивме да ги организираме проектите наменети за најмладата генерација иселеници – децата, за нас најважните.
Бидејќи минатата година имаше огромен интерес за учество на летните активности, решивме да го зголемиме бројот на деца – учесници на:
- Летната школа за изучување македонски јазик – 45 деца
- Спортскиот камп – 45 деца
Летната школа за учење македонски јазик ќе се одржи од 26.7. до 1.8.2025 година.
Спортскиот камп ќе се одржи од 1.8 до 7.8.2025година.
На нашите летни активности учество ќе имаат деца од 12 до 16 години.
Ве информираме дека предност ќе имаат деца што за првпат се пријавуваат на нашите летни активности.
Ве молиме да ги пријавувате децата само за еден од предложените проекти на Агенцијата за иселеништво.
Пријавувањето ќе трае до 15.2.2025 година. Приjавите праќајте ги на адресата: iskra@minisel.gov.mk
Со почит,
Агенција за иселеништво