Home » Збратимување помеѓу општините Македонска Каменица и Рикалдоне, Пиемонте, Италија

Збратимување помеѓу општините Македонска Каменица и Рикалдоне, Пиемонте, Италија

by Rebeka Spasova
19 views
На 19 јули 2025 година на иницијатива на Македонското здружение „Заедно – Инсиеме“ од Рикалдоне, се потпиша Меморандум за соработка од областа на културата, образованието, туризмот, заштита на природните ресусрси и меѓународно поврзување, помеѓу општините Рикалдоне и Македонска Каменица.
 
На чинот на збратимувањето помеѓу овие две општини присутни беа градоначалничката на Рикалдоне, Лаура Грациела Бруна, градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, Генералниот конзул на Република Македонија во Венеција, Фросина Ташевска-Ременски, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, претседателот на Македонското здружение „Заедно – инсиеме“ Рикалдоне, Златко Милчевски, и останати претставници: од Општина Македонска Каменица, Миран Митревски, од Агенцијата за иселеништво, Билјана Костова, и членови на македонските друштва од регионот.
 
На чинот на потпишувањето се обратија двајцата градоначалници кон присутните и го образложија значењето на овој документ поради големиот број на Македонци со потекло од Македонска Каменица кои денес живеат и работат во Рикалдоне и околните места. Градоначалничката, Лаура Грациела Бруна, изрази благодарност кон Македонците кои како вредни, лојални граѓани имаат голем придонес во културниот и економскиот развој на општината.
 
На настанот беа разменети подароци, копии од културни и историски обележја на Македонија и Италија.
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, на претседателот на Друштвото „Заедно – инсиеме“ од Рикалдоне, Златко Милчевски, му врачи Благодарница за соработка.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе