8
Заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, Фатљум Јусуфи, оствари работна средба со претставници на здруженијата на албанската дијаспора во Лозана, Швајцарија. За време на разговорот се дискутираше за улогата на организациите на дијаспората во зајакнувањето на врските со државните институции и вклучувањето на младите генерации во културни и образовни активности.
Во знак на благодарност за нивниот континуиран придонес, заменик директорот на Агенцијата за иселеништво, Фатљум Јусуфи им врачи институционални признанија на претставниците на здруженијата. Тој истакна дека соработката со дијаспората останува приоритет и дека Агенцијата за иселеништво ќе продолжи да ги поддржува иницијативите што ја зајакнуваат улогата на иселеништвото.

