Во периодот од 1.11.2024 год. до 3.11.2024 год. во Македонската православна црковна општина „Св. Прохор Пчински и Св. Ап. Вартоломеј“ – Пјаченца, Република Италија по повод одбележувањето на 30-годишнината од основањето на Европската епархија ќе се одржи Света Божествена Архиерејска Литургија со која ќе чиноначалствува надлежниот Митрополит, г. Пимен, во сослужение со Митрополитот тетовско-гостиварски, г. Јосиф, голем број на свештеници од Европската епархија и од другите сестрински цркви.
Настанот ќе биде збогатен и со свечена прослава.
Целата програма погледнете ја овде: Facebook