19
Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, оствари средба со д-р Златко Николоски, претседател на Центарот за информативна поддршка „Нов контакт“ – Македонија и автор на книгата „Македонска дијаспора – клуч за развојот на Република Македонија“.
На средбата д-р Николоски информира за поранешната соработка со Агенцијата во насока на културна поддршка на иселеничките организации со снабдување со книги, учебен и промотивен материјал, како и за искуството при создавање на претходната Национална стратегија за соработка со дијаспората, како координатор во правниот столб.
Директорот Ангелов се заблагодари за посетата и информира за тековните и идните планирани активности на Агенцијата за иселеништво, како и за значењето на остварување на контакти помеѓу владиниот и невладиниот сектор.
На средбата директорот Ангелов и д-р Николоски се согласија за идна соработка преку здружување на искуствата, капацитетите и волјата за помагање и поддршка на Македонците во иселеништво.
