10
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов денес оствари средба со Претседателот на Сојузот на Македонци со исламска вероисповест во Македонија, г. Љатиф Пајкоски. На средбата се разговараше за соработка помеѓу двете институции и за поголема вклученост на ислениците од Македонија со исламска вероисповест. Да се реализираат официјални посети на неколку македонски здруженија во Италија, во градот Фелтре и градот Џемона, каде претежно живеаат и работат иселеници од реканско – дебарскиот крај.
На средбата се истакна важноста во текот на летниот период да се организира средба во Реканскиот крај со претставниците на исленичките организации по потекло од Река. Исто така и двете страни се согласија дека е потребно да се работи на зајакнување на врските со Македонците кои живеаат во Република Турција во регионот на Измир.
