Home » Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, оствари работна средба со Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан

Директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, оствари работна средба со Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан

by Rebeka Spasova
24 views

Неговото Блаженство г.г. Стефан упати Благослов и честитки за изборот на директорот Горан Ангелов да раководи со Агенцијата за иселеништво, како институција надлежна за иселениците. Воедно, ја истакна важноста и улогата на Македонската православна црква во животот на иселениците, нивното обединување, сплотеност и чувањето и негувањето на корените преку сопствената вера, култура и традиции.

За таа цел, г.г. Стефан истакна дека од страна на Агенцијата за иселеништво е потребна поддршка на црковните општини во сите епархии каде живеат нашите иселеници: Европска епархија, Американско-канадска и Австралиско-новозеландска епархија,  да се унапредат и одржуваат врските со нив и да се врати довербата на верниците кон институцијата. Исто така, од голема важност е вклучувањето на Агенцијата за иселеништво во чествувањето на патроните празници, јубилеи и црковно-народни собири преку упатување на честитки,  како и вклучување во процесите на формирање на нови црковни општини во средините каде е потребен духовен храм и организирање на црковен живот поради зголемување на бројот на верниците.

Директорот, Горан Ангелов, упати благодарност за честитката за избор, за Благословот, како и за можноста за средба со Неговото Блаженство г.г. Стефан и го информираше за надлежностите и програмата за работа на Агенцијата за иселеништво за претстојната година. Директорот истакна дека е од големо значење присуството на Агенцијата за иселеништво во црковниот живот на верниците како и поддршката на црковните општини, бидејќи народот во иселеништво своите духовни и културни потреби ги остварува во храмовите на Македонската православна црква. За таа цел, Агенцијата за иселеништво располага со база на податоци за црковните општини од сите епархии во иселеништво и преку истата ќе биде во постојана комуникација со надлежните свештеници и членови од управните одбори.

Директорот Ангелов го информира Неговото Блаженство г. г. Стефан за промотивниот и учебен материјал со кој располага Агенцијата за иселеништво, бидејќи покрај грижата за верскиот и духовниот живот на иселениците, Агенцијата се грижи и за зачувување на јазикот, културата, правата и положбата на иселениците.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!