12
На поканана Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип, директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов, присуствуваше на Концертот на традиционална македонска музика од Меглен и Воденско, кој се одржа во кругот на Црквата „Св. Цар Константин и Царица Елена“, во рамки на Штипското културно лето.
Преку своето обраќање, директорот Ангелов потсети дека за време на прогонот на Македонците од Егејскиот дел на Македонија голем број се населиле насекаде по светот, каде и денес живеат, особено во прекуокеанските земји. Голготата што ја доживеале децата бегалци да не се повтори и да не се заборави, порача тој.
Со фолклорни изведби се претставија КУД „Св. Марина“ од Воден а изворни песни од Егејска Македонија пееја Марија Димкова и Моника Стојчева.