9
Драги родители, баби, дедовци и пријатели,
Со голема радост ве известуваме дека здружението Македониум ASBL го отвори детското катче „Кокиче“!
Нашата мисија е едноставна: да им овозможиме на нашите деца простор каде ќе го учат и негуваат македонскиот јазик преку дружење и игра. Ова не е класично училиште. Тука нема оценки и тестови. „Кокиче“ е место на другарства, читање приказни и откривање на македонскиот јазик, култура и традиција на забавен начин.
Локација, распоред и пријавување:
Каде: Аvenue de Tervueren 168, 1150 Woluwe Saint Pierre, Bruxelles (ѕвонче 018) https://maps.app.goo.gl/QN9ai6MnSsYPn2zc6
Кога: Погледни го распоредот подолу
Пријавување на: 0470 60 40 01, 0456 35 68 51 или email: makedonium.be@gmail.com
Работилниците се бесплатни (доброволни донации за материјали и одржување на просторот се добредојдени)
За родителите: Додека децата творат, родителите се поканети на кафе-дружба во одделна просторија
Распоред на работилниците (Март – Јуни 2026)
-
15 март, недела, 13 часот | Информативна средба, меѓусебно запознавање и запознавање со азбуката
-
29 март, недела, 13 часот | Работилница на тема „Пролетна магија“
-
5 април, недела, 13 часот | Работилница на тема „Велигденски ракотворби“
-
19 април, недела, 13 часот | Работилница на тема „Запознај ја Македонија“
-
17 мај, недела, 13 часот | Работилница за Св. Кирил и Методиј
-
31 мај, недела, 11 часот | ПИКНИК и фолклорна работилница за деца и возрасни на отворено (отворена за сите, деталите ќе бидат споделени дополнително)
-
7 јуни, недела, 13 часот | Работилница на тема „Вкусовите на традиционалната кујна“
-
21 јуни, недела, 13 часот | Работилница на тема „Летни авантури“
Како изгледа една работилница?
Секоја средба трае до 2 часа и е поделена на 5 забавни делови:
-
Групна активност/игра
-
Обработка на темата за денот: Интерактивно учење на темата
-
Музика и поезија: Слушање на песнички и стихотворби
-
Јазични вежби: Прилагодени за две групи според возраста и нивото на познавање на јазикот
-
Читање на приказна од библиотеката на „Кокиче“ (книгите ќе бидат достапни за изнајмување по симболични цени)
Биди дел од нашиот волонтерски тим!
Детското катче „Кокиче“ функционира при македонското здружение Македониум од Брисел, во рамките на кои функционира и црквата Св. Пророк Илија и Архангел Михаил – Брисел. Работилниците се целосно волонтерска иницијатива, создадена со многу љубов од страна на членовите на нашето здружение. Ако сакате да се приклучите и да придонесете на оваа благородна цел, обратете се на контактите погоре.
Кој може да се приклучи? Сите ентузијасти, а особено оние со искуство во образование, згрижување и работа со деца.
Напомена: Овие работилници се одлична подготовка за јазичните курсеви по македонски за учебната 2026-2027 година кои ќе започнат во Септември. За повеќе информации за курсевите, обратете се на контактите погоре.