3
Директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов во придружба на генералниот конзул во Минхен Јулиана Николова и конзулот од конзулатот во Бон, Амон Бајрамовски, во предвечерието на големиот празник Св. Петка, присуствуваа на Литургијата и прославата по повод патрониот празник на МПЦО “Св. Петка” во Дизелдорф.
После Литургијата на која присуствуваа голем број на верници, Отец Трајче Грозданов го поздрави директорот Ангелов и го повика да се обрати на присутните иселеници.
Директорот Ангелов им го честита патрониот празник на црковната општина Св. Петка и денешниот празник посветен на Св. Злата Мегленска. Ги повика верниците што е можно помасовно да одговорат на повикот за донација на средства за изградба на сопствен Храм, кој ќе претставува културен и духовен дом на сите Македонци, за годините во иднина да се чувствуват како свои на своето. Во знак на благодарност за ангажираноста на Управниот одбор, му врачи Признание на Отецот Трајче Грозданов и сувенир насликан со Плаошник како верски симбол на Охрид.
После Литургијата и светaта причест се избра новото кумство и се подели вкусна храна подготвена со голема љубов и почит кон Црквата и народот од самите парохјани.
Патрониот празник беше збогатен со настап на КУД “Љупчо Сантов” од Оризари Кочанско.
За многу години патрониот празник и да се слави уште долги години со новоизграден Храм, љубов и слога
Повеќе информации: https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=1157470909856116&id=100067796539949&mibextid=wwXIfr&rdid=Glr7BJS0XivWGC3c#



