14
ЕПАРХИСКО СОБРАНИЕ ’25
Порденоне, Италија
16 – 18 мај 2025
Драги браќа и сестри,
Со радост Ве известуваме дека од 16 до 18 мај 2025 година, во Македонската Православна Црковна Општина „Собор на сите македонски светители“ во Порденоне, Италија, ќе се одржи 24-тото редовно годишно епархиско собрание на Европската Епархија.
Воедно срдечно Ве покануваме да и Вие присуствувате на следните настани:
Сабота, 17 мај во 09:00 ч.
Света Архиерејска Литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Европски г. Пимен, заедно со свештениците од Европската Епархија.
Недела, 18 мај во 09:00 ч.
Света Божествена Литургија (сослужуваат повеќе свештеници)
Да се собереме во заедничка молитва и духовно заедништво!
ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!