Home » Гајдата впишана на листата на УНЕСКО како светско културно наследство

Гајдата впишана на листата на УНЕСКО како светско културно наследство

by Rebeka Spasova
15 views

Македонската гајда, еден од најпрепознатливите народни музички инструменти, доби светско признание како нематеријално културно наследство. Одлуката беше донесена на 19. седница на Меѓувладиниот комитет на УНЕСКО, одржана во Асунсион, Парагвај.

„Изработката и свирењето на гајдата ја промовираат солидарноста и културниот идентитет, служат како мост помеѓу генерациите и поттикнуваат меѓународна соработка“, се наведува во Одлуката за впишување.

Со впишувањето на гајдата, Македонија сега има шест впишани добра, од кои две се заеднички со Турција. Признанието отвора нови можности за заштита, промоција и зачувување на ова културно богатство за идните генерации.

Прочитајте повеќе за ова: Гајдата впишана на листата на УНЕСКО како светско културно наследство – Рацин.мк

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!