37
Успешна традиција
Во организација на Македонскиот просветно-училишен oдбор на НЈВ, во Сиднеј се одржа Натпреварот по рецитирање на македонски јазик за учениците од основните саботни училишта.
Голем број ученици од македонско потекло рецитираа на чист македонски јазик. Одлично подготвени учениците се трудеа што поубаво да ја рецитираат својата стихотворба.
Рецитирањето е древна македонска вештина, која се негува во училиштата на македонски јазик во НЈВ. Оваа вештина им овозможува на учениците да ја зголемат својата самодоверба, својата меморија или помнењето, а истовремено и да го надминат стравот од зборување пред други луѓе.