16
Во недела 2 март во Тринген, во организација на Македонски национален совет- Швајцарија се одржа СЕМАКЕДОНСКА ТРИБИНА, на која веројатно за прв пат во Швајцарија учествуваа македонски активисти од Мала Преспа, Албанија, од Пиринска и Егејска Македонија и тоа:
– Васил Стерјовски, Претседател на единствената македонска партија МАЕИ од Мала Преспа, прв пратеник Македонец во албанското собрание, професор на Универзитетот во Корча, основач на неколку македонски друштва во Албанија
– Атанас Плоча, заменик градоначалник на општина Пустец и член на претседателството на македонската партија МАЕИ во Албанија
– Ристо Џупанов, член на претседателството на ОМО “Илинден“ Пирин и долгогодишен активист од Пиринска Македонија
– Јанче Giannis Strilianoy, основач на КУД “Македонци“ од село Цармориново, Егејска Македонија, човек за кого е напишана песната “Велат не нема“.
Ова беше ретка можност на едно место да се слушнат и да се поразговара со овие исклучителни луѓе, Македонци со големо “М“, борци за правата на македонското малцинство во државите во кои живеат, луѓе кои страдале (понекогаш и физички) само затоа што се изјасниле дека се МАКЕДОНЦИ!
Нивните сведоштва ќе може да ги слушнете во прилогот кој ќе биде подготвен од екипата на АЛФА ТВ, која ја снимаше трибината.
Благодарност до сите кои ја овозможија оваа трибина, до КУД “Св. Наум Охридски“ на чија покана дојдоа гостите, до сите учесници и оние кои помогнаа трибината да се реализира.


