Home » Во Скопје и Париз одбележан јубилејот 135 години од раѓањето на д-р Анастас Коцарев

Во Скопје и Париз одбележан јубилејот 135 години од раѓањето на д-р Анастас Коцарев

by Rebeka Spasova
26 views

Со паралелни активности во Скопје и Париз неделава што измина, беа одбележани 135 години од раѓањето и 94 години од смртта на д-р Анастас Коцарев, светски познатиот онколог од македонско потекло роден во Охрид, кој почива во Париз.

Главниот настан се одржа во Скопје, во Музејот на македонската борба за самостојност, во средата, на 26 март, на неговиот 135 роденден, пред претставници на политичкиот, академскиот и дипломатскиот врв во земјата.

Настанот беше во организација на Здружението „Заборавени Македонци“ од Париз, во партнерство со Музејот на македонската борба за самостојност од Скопје, и беше модериран од двајцата потпретседатели на здружението, Ана Дукоска и Георги Гоце Дуртаноски.

Програмата започна со едноминутен молк во почит кон жртвите од трагедијата во Кочани.

Повеќе за настаните прочитајте овде: Во Скопје и Париз одбележан јубилејот 135 години од раѓањето на д-р Анастас Коцарев – МКД.МК

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!