Home » Во пресрет на Божиќ веќе стана убава традиција учениците кои го изучуваат македонскиот јазик по Модел Ц во ОУ „Иван Бенковиќ“ во Град Дуго Село

Во пресрет на Божиќ веќе стана убава традиција учениците кои го изучуваат македонскиот јазик по Модел Ц во ОУ „Иван Бенковиќ“ во Град Дуго Село

by trinitymedia
11 views
Во пресрет на Божиќ веќе стана убава традиција учениците кои го изучуваат македонскиот јазик по Модел Ц во ОУ „Иван Бенковиќ“ во Град Дуго Село, заедно со својата наставничка Бранкица Богатинов, да подготвуваат пригодни трибини и манифестации.
Така беше и оваа година, кога нашите вредни ученици беа домаќини на исклучително значајни гости – новоизбраниот амбасадор на Република Македонија во Република Хрватска, г. Драган Ѓурчевски, претставничката на Град Дуго Село г-ѓа Ѕвездана Будор Клариќ од Одделот за стопанство и финансии, како и нашите драги пријатели од Заедницата на Хрватите во Република Македонија – LIBERTAS.
Настанот започна со прекрасна музичка изведба на хорот „Benette“, кои ја отпеаја „Јовано, Јованке“ и „Цетина“, создавајќи волшебна празнична атмосфера. Потоа на сцена се претставија учениците со својата божиќна песничка „Оди и кажи им на сите“, а особена емоција донесоа нивните авторски стихотворби инспирирани од делото на Рацин.
Со гордост беа истакнати и нивните освоени награди на конкурсот распишан од КУД „Охридски бисер“ – Загреб.
Наставничката Бранкица пренесе топли поздрави од Велес од претседателката на „Охридски бисер“, Ивана Брезовец, која воедно е и професор по македонски јазик и придружник на наградените ученици на Детските Рацинови средби.
Со свои зборови на поддршка се обратија и директорот на училиштето г. Бранко Голеш, како и амбасадорот г. Драган Ѓурчевски, кои ја нагласија важноста од зачувувањето на јазикот, културата и традицијата.
Посебен дел од програмата беше претставувањето на двојазичната сликовница „Кога ќе пораснам сакам да бидам како Карло“,од авторката Десанка Десанка Николова објавена на македонски и хрватски јазик.
Неа ја претставија членовите на Заедницата на Хрватите: потпретседателот Велибор Томиќ, проф. д-р Снежана Мирасчиева – рецензент, Сара Петров Каурин – илустраторка и Мирко Голомејов – модератор. Нивниот труд и посветеност уште еднаш ја потврдија важноста на културното поврзување меѓу двата народа.
Дополнително, на присутните гости им беа подарени пригодни божиќни подароци – детски ракотворби изработени со многу љубов, како и стихозбирката „Нека биде сонце“, преку кои учениците ја пренесоа својата креативност и топлина.
Амбасадорот г. Ѓурчевски подетално се запозна со работата и начинот на изведување на наставата по македонски јазик во нашето училиште, со сите реализирани проекти, активности и настапи на учениците, како и со програмите на летните школи. Тој го разгледа и македонското катче во училишната библиотека, место кое сведочи за долгогодишната посветеност во неговање на јазикот и културата.
Во неформалниот дел од средбата произлезе и една исклучително убава заедничка идеја – желба за збратимување на двата града и двете училишта, како и продлабочување на соработката на културно и образовно ниво. Оваа иницијатива носи силна порака за единство, соработка и трајно пријателство.
Голема благодарност упатуваме до сите родители кои присуствуваа и дадоа поддршка, до сите колеги и колешки кои помогнаа во реализацијата, а најмногу до нашите ученици, кои со својата искреност, труд и талент ја направија оваа приредба вистински празник на духот, културата и заедништвото.
Повеќе информации на : https://www.facebook.com/share/p/17KRm4P2y4/?mibextid=wwXIfr

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе