Home » Во Загреб одржано предавање на тема „Пост и покајание“

Во Загреб одржано предавање на тема „Пост и покајание“

by Rebeka Spasova
11 views

Во недела, на 13 април 2025 г. во салата „Тоше Проески“ во Загреб, се одржа предавање на тема „Пост и покајание“.

Предавањето го одржа парохискиот свештеник на Македонската православна црква во Хрватска протојереј-ставрофор, Кирко Велински, и е реализирано како програмска активност на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, со цел одржување и унапредување на верата, традицијата, обичаите и одбележувањето на важните датуми и верски празници кај припадниците на македонското малцинство во Загреб, а во организација и соработка со Македонската православна црква во Хрватска.

На предавањето присуствуваа истакнати претставници на македонски институции и организации во Загреб, бројни Македонци и верници кои живеат, работат и се школуваат во Загреб. Пред нив, на едноставен и приемчив начин протојереј-ставрофор Кирко Велински го претстави значењето и важноста на постот и покајанието.

„Со постот ја продлабочуваме својата вера, покажуваме покајание и се усредоточуваме на духовни и вредни работи. Во време на опседнатост од навики, наметнати обрасци на однесување, себичност и самодостатност, прибегнувањето кон пост и покајание е навистина благотворно. Затоа што тие не се само телесна дисциплина туку извор на животната сила на Духот. Го лекува умот, душата, волјата и телото. Исцелува психички и физички слабости“, истакна отец Велински.

Во текот на предавањето тој истакна кога почнува постот, како се одвива, кога завршува и како се станува искусен христијанин, верник и човек. Така, Велигден на крајот на постот не е само прослава на Исусовото воскресение, на надежта и светлото, туку е славење на нов почеток на сопствениот живот, нов почеток на сопствено здравје, хуманост и племенитост.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!