Со пригодни обраќања, читање на стихови од поезијата на Блаже Конески и Славко Јаневски и настап на групата Љубојна, синоќа, во Брисел, беше одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик.
Обраќања на настанот имаа и ќерката на академик Славко Јаневски, Јана Јаневска Терзиовска, и актерката и продуцентка Лабина Митевска. Дополнително, Митевска и Дамјановска-Момироска интерпретира и песни од Блаже Конески и Славко Јаневски.
На ѕидовите, пак, во просторијата во Македонската амбасада во Брисел, во која се одржа одбележувањето на годишнината, беа поставени и слики на познати македонски автори.
На настанот, меѓу другите, присуствуваа и заменичката генерална секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, шефот на нашата Мисија при Европската Унија, амбасадорот Зулфи Исмаили, повеќе културни и општествени активисти и дејци по потекло од Македонија кои живеат во Белгија, како и странски амбасадори и гости.
Повеќе за настанот прочитајте на линкот: Во Брисел одбележана 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик – Независен Весник