На 24 мај беше одбележан големиот празник и се потсетивме на Светите браќа Кирил и Методиј – македонските и сесловенските просветители, заштитници на словенската писменост и култура. Овој ден не претставува само потсетник на нивното историско дело, туку е и симбол на заедничката заложба за зачувување на македонскиот јазик, култура и национален идентитет.
На споменикот на Св. Кирил и Методиј во Белград, покрај делегациите на голем број на Амбасади и институции, венец положи и делегација на Македонскиот национален совет во Србија, кои ја искористија прилика да го честитаат празникот Свети Кирил и Методиј на сите припадници на македонската заедница и на сите останати граѓани во Србија кои го прославуваат.
Повеќе за ова случување прочитајте на линкот: Во Белград одбележан Свети Кирил и Методиј – MAK info