3
Во МПЦ Преподобна Параскева, Норвешка се одржа Божиќната литургија, збогатена со прекрасен хуманитарен концерт на децата од Македонското училиште. Со Витлеемската ѕвезда во раце и со срце полно радост, децата пееја со полн глас и ја збогатија црквата со вистински божиќен дух.
Со голема радост споделуваме дека средствата собрани од концертот, што беше организиран од Македонското училиште ќе ги донира во Домот за деца со попречен развој во Ресен. Малите срца уште еднаш покажаа колку голема може да биде детската љубов и хуманост.
Нека ни е за многу години Божиќ!
Христос се роди!
Навистина се роди!






