На почетокот ми беше доста тешко додека ја научам филигран техниката, бидејќи немав кој да ми помогне и да ме упати како се работи. Кога ќе погледнам наназад во моите први изработки секогаш морам да си најдам некоја маана, а тоа ми се случува и сега“ – вели во интервју за CRNOBELO.com Тања, која две години изработува икони и други декорации од срмен конец.
Вообичаено кога ќе се спомне филигран техниката, најчесто се мисли на накит и декорации изработени од сребрена жица, но Тања нашла начин како да ја искористи истата техника со други материјали и денес да изработува ремек дела со нејзин, препознатлив стил.
Повеќе инфо на: Битолчанката Тања изработува ремек-дела од срмен конец: „Тешко го совладав филигранот, сум направила над 1.000 икони“ (crnobelo.com)