Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија отвори наменска сметка за собирање парична помош и поддршка за семејствата на повредените во пожарот во Кочани, кои се на лекување во Белград и Ниш.
Имајќи го предвид големиот интерес на припадниците на македонската заедница и на сите граѓани на Србија да им помогнат на повредените во оваа голема трагедија што се случи во Кочани и нивните семејства, Македонскиот национален совет ја започна оваа акција, со цел целата помош и поддршка да се насочи на едно место.
Средствата може да се уплатат на сметката на Националниот совет (ул. Браќе Рибникар бр. 5, Нови Сад): 160-162703-71, со повик на бројот 2300.
„Раководството на Националниот совет е во секојдневна комуникација со семејствата на повредените и ставени се на располагање сите капацитети на македонската заедница, за полесно и поефикасно да се надмине оваа состојба“, се вели во соопштението на Македонскиот национален совет.