На 13-ти Ноември, Агенцијата за иселеништво ја посети раководството од Управниот одбор при МПЦО Св. Апостол Тома од Луксембург, Миле Мајсторски и Ѕвонко Мајсторски, во придружба на поранешниот амбасадор од ДКП во Брисел г-дин Методија Белевски. На средбата присутните разговараа за состојбите на македонската заедница во Луксембург, дејствувањето на новоформираната Црковна Општина и признавањето и поддршката од страна на властите во Луксембург. Директорот Горан Ангелов се заблагодари за посетата и извести дека наставата по македонски јазик во Луксембург ќе биде поддржана од Агенцијата со учебните помагала наменети за училиштата во иселеништво.
Агенцијата за иселеништво ја посети раководството од Управниот одбор при МПЦО Св. Апостол Тома од Луксембург
9

