Home » Агенцијата за иселеништво ја посети г-ѓа Блага Дафовска

Агенцијата за иселеништво ја посети г-ѓа Блага Дафовска

by trinitymedia
3 views
Агенцијата за иселеништво ја посети г-ѓа Блага Дафовска, наставничка по македонски јазик при Интернационалната јазична програма преку која македонскиот јазик е внсен во основните училишта во Онтарио, Канада. Децата го учат јазикот со два и половина часа неделно во Маркам, Торонто и Истјорк.
Интернационалната јазична програма е во рамки на Советот за образование при државата Онтарио и оваа година г-ѓа Дафовска ја одбележува 50 – годишнината од својата дејност.
Наставата се води преку наставен план и програма, а државата ја унапредува и развива преку семинари, работилници и едукации наменети за сите присутни нации.
Освен образовната дејност, Блага Дафовска е активен член, секретар и прв претседател на Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ Торонто, при МПЦО Св.Климент Охридски, Торонто, која оваа недела ќе ја одбележи 60 годишнината од постоењето.
Како поетеса, во Битола ја промовираше книгата „Ехото на песната“ од која подари посветен примерок на директорот на Агенцијата за иселеништво Горан Ангелов.
Освен литературната дејност, Блага Дафовска ја збогатува содржината на најпознатиот македонски медиум во Канада „Македонија“ преку рубриката „Поезија со повод“.
Агенцијата за иселеништво е бескрајно благодарна што г-ѓа Блага Дафовска при секое пристигање во татковината ја посетува Агенцијата за иселеништво, чувствувајќи ја како свој втор дом каде е секогаш добредојдена.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе