115
					
				
					
				
				
									  
				
					
				
		
				
		
			
            
				            
			        
    Дел од учениците кои ја следат наставата по македонски јазик од далчина (онлајн), во организација на Агенцијата за иселеништво, заедно со родителите, од сите страни на светот, при посета на својата татковина, летово ја посетиле и наставничката која ја води наставата, Ивана Атанасова од Кочани, ангажирана од страна на Училиштето за јазици „ТД СТАР“.
Агенцијата за иселеништво упатува честитки до наставничката Ивана за нејзината посветеност, професионалност и срдечност, поради што децата изразија желба да го следат курсот и следната година.
Со самата посета на нивната татковина Македонија и емотивното поврзување со наставничката, целта на оваа наша програма е постигната, а тоа е децата на нашите иселеници, кои растат и живеат во странство, преку учење на мајчиниот јазик да ја засакат татковината, да ја негуват културата и традицијата и да имаат желба да си доаѓат дома.
								 
			         
														