9
Соопштение
Со особена чест и голема духовна радост Ве известуваме дека Неговото Високопреосвештенство, новоназначениот Митрополит на Австралиско-Новозеландската Епархија, г. Никола, ќе пристигне во Австралија по повод неговата прва канонска визитација меѓу довереното му патство. Свечениот пречек ќе се одржи на 1 април 2026 година (среда), во 21:00 часот, во Соборната црква „Раѓање на Пресвета Богородица“ во Мелбурн на 1 Pecks Rd. Sydenham VIC .