5
Во чест на празникот Св.Четириесет битолски новомаченици и четириесет севастиски маченици” во ,,МПЦО Св. Апостол Тома” се одржа Богослужба водена од Отец Јован, на која присуствуваше делегацијата од Агенцијата за иселеништво. По Литургијата Отецот Јован ги повика верниците за помасовно присуство и причест на децата.
Директорот Горан Ангелов во своето обраќање им го честита денешниот празник на присутните и ја изрази својата радост дека и во Луксембург народот има свој духовен дом и за првпат претставници од Агенцијата се во посета на Црквата.
По кратката информација за работата и проектите на Агенцијата, директорот Ангелов подари икона од Воскресение
Христово, а претседателот на одборот Миле Мајсторски се заблагодари срдечно за посетата и подари црковни сувенири на гостите.




