Почитувани!
Согласно надлежноста за помагање на културниот развој на иселениците, преку вклучување во програмата на Струшките вечери на поезијата, кои оваа година ќе се одржат од 26 до 29 јуни, Агенцијата за иселеништво ќе ја додели наградата „Стојан Христов“ за поетите иселеници.
За таа цел Ве замолуваме да ги известите членовите на Вашата организација кои се занимаваат со пишување на литературни дела и кои имаат издадено книга, збирка поезија, да се пријават во Агенцијата за иселеништво на info@minisel.gov.mk.
Книгите со кои ќе се конкурира ќе бидат оценети од страна на стручното жири при Струшките вечери на поезијата, а паричната награда ќе ја додели Агенцијата за иселеништво.
Согласно Одлуката од страна на жири комисијата, наградата „Стојан Христов“ се доделува за книги објавени помеѓу две изданија на Струшки вечери на поезијата.
Заинтересираните поети, своите дела треба да ги испратат во Агенцијата за иселеништво до 1 мај 2026 година. Книгите треба да се испратат и во електронска форма на навдената електронска адреса.
Директор,
Горан Ангелов