Home » Официјално соопштение на Светиот архијерејски синод за Австралиско-новозеландската епархија

Официјално соопштение на Светиот архијерејски синод за Австралиско-новозеландската епархија

by Stanela S
9 views
Соопштение од Светиот архијерејски синот – 19.03.2026 г.
Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), на својата редовна седница во полн состав, одржана на 19 март 2026 година, го разгледа предлогот на Митрополитот г. Петар за негово разрешување од должноста администратор на Австралиско-новозеландската епархија и назначување на нов епархиски архијереј.
Светиот Синод, особено внимание посвети на предлогот на Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозелански г. Петар да биде разрешен од должноста администратор Австралиско-новозеландски и го усвои неговиот предлог за назначување на нов Митрополит на Австралиско-новозеландската епархија.
Светиот архијерејски синод го разреши досегашниот администратор и за нов епархиски архијереј на Австралиско-новозеландската епархија го избра Епископот Велички г. Никола (Трајковски), со титула Митрополит Австралиско-новозеландски и неговото назначување се смета од денот на изборот. Наоѓајќи се во благословен период на Светата четириесетница го молиме Семилостивиот Бог да ја излее својата благодат врз верните чеда, та молитвено да ги поминеме преостанатите денови од Великиот Пост, за достојно да го пречекаме Светлото Христово воскресение.
Од канцеларијата на Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе