Home » Одбележување на празникот Водици-Локарно,Швајцарија

Одбележување на празникот Водици-Локарно,Швајцарија

by Stanela S
8 views
Одбележување на празникот Водици
Локарно – Швајцарија
Денешниот ден е длабоко значаен и величествен. Ден кога го славиме Богојавление – светото Крштение на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на христијанството и симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.
Им честитаме на сите скокачи кои покажаа храброст и духовна сила да го извадат Светиот Крст од осветените води на езерото Lago Maggiore. Посебна честитка до најсреќниот Мартин Неделковски, му посакуваме добро здравје, среќа и радост, како и од Бога благословена година за него и неговото семејство.
Благодарност до сите наши членови на Црковниот одбор кои помогнаа со свој придонес и учество во текот на целиот ден.
Посебна благодарност до нашите сограѓани Игор и Магдалена Смилкови за гостопримството на сите верници во нивниот ресторан покрај езерото Lake View.
——————–‐———————————————-
На овој убав празничен ден сакаме да ве информираме за финансиската состојба на нашата Црковна општина. Се ближи крајниот рок за купување на новата црква Локарно Монти и се замолуваат сите верници кој колку може да донира, да учествува со свој прилог и сите заедно да успееме да ја собереме сумата од 1.800 000 франци.
Однапред ви благодариме!
БОГ СЕ ЈАВИ!!!

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2026 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе