Home » Одбележан Денот на националните малцинства во Загреб

Одбележан Денот на националните малцинства во Загреб

by trinitymedia
32 views

Националните малцинства за Град Загреб го прославија својот ден

Денови на националните малцинства за Град Загреб

Во организација на Координацијата на советите и представниците на националните малцинства за Град Загреб во недела, на  29 септември 2024 година се одржа манифестацијата Денови на националните малцинства за Град Загреб.

Во паркот Зрињевац, во самиот центар на Загреб со своите традиционални обичаи, носии, автентични јадења, пијалоци, фолклорно и музичко творештво се представија: македонското, албанскoто, бошњачкoто, словенскoто, црногорскoто, чешкoто, унгарскoто, српскoто, полскoто, бугарскoто, италијанскoто, ромскoто, словачкoто, турскoто, украинскoто, израелскoто  и русинскoто малцинства.

Македонската национална заедница ја представија Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб и Македонското културно друштво „Охридски Бисер„ од Загреб, кои се представија во поворката на народни носии  и со изведби на традиционални македонски народни песни и ора.

Бројните  Загребчани и представници на националните заедници ги поздрави председателот на Координацијата на  советите и представниците на националните малцинства за Град Загреб и представник во Хрватскиот сабор г. Армин Хоџиќ, кој меѓу другите го представува и македонското малцинство, Председателот на Советот на националните малцинства во РХ г. Тибор Варга и заменикот на градоначалникот на Град Загреб г. Лука Корлает. Шаренилото од разнобојни народни носии, различните тактови од традиционалните мелодии и различните вкусови и мириси на традиционалните јадења долго се разлеваа низ паркот Зрињевац и забавно и културно го збогатија овој викенд во Загреб,  исполнувајќи го со различни обичаи и вредности на културно наследство.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2024 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе

error: Content is protected !!