9
На покана од страна на Мпцо Св.Наум Охридски Виена директорот на Агенцијата за иселеништво, Горан Ангелов ја посети македонската заедница во Виена и присуствуваше на Литургијата водена од страна на парохискиот свештеник Отец Јовица Тодевски. По Литургијата се обрати директорот Ангелов упати пофалби за прекрасната служба, се заблагодари за поканата и подари икона од Св. Георги, во знак на долгогодишна соработка.
По Литургијата директорот Ангелов во просториите на црквата оствари средба со верниците, раководството од Управниот одбор и членовите на “КУД Македонка” на која ги информира за претстојните активности на Агенцијата за иселеништво.








