Home » Наставничката по македонски јазик Ирена Годева од Швајцарија ја посети Агенцијата за иселеништво

Наставничката по македонски јазик Ирена Годева од Швајцарија ја посети Агенцијата за иселеништво

by trinitymedia
13 views
Наставничката по македонски јазик Ирена Годева која предава македонски јазик во неколку градови од францускиот регион во Швајцарија ја посети Агенцијата за иселеништво и информира дека држи настава во 7 училишта секој работен ден, после редовната настава. Настава посетуваат 84 ученици и бројот постојано расте поради интересот на децата и родителите за посета на часовите. Освен од сопствената држава наставничката Годева информира дека добива голема подршка од заедницата, иселеничките организации во тој дел од Швајцарија, како и од страна на Швајцарските власти кои ги отвориле вратите на училиштата за непречено следење на наставата, со сите нагледни и дидактички помагала, потребни за современо и квалитетно одвивање на наставниот процес.
За потребите на наставата од страна на Агенцијата за иселеништво и беа дадени учебници, буквари, лектири, како и комплет на стручна литература која беше донирана на Агенцијата за иселеништво од профсорката Ленка Гоговска.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе