11
Денес Агенцијата за иселеништво ја посети Неговото Високо Преосвештенство, Митрополит Европски г. Пимен.
На средбата со директорот Горан Ангелов, Неговото Високо Преосвештенство г. Пимен информира за состојбите на верскиот и духовен живот во црковните општини низ Европа и дека Европската Епархија се зголеми со уште две нови црковни општини во Велика Британија: Св. Нектариј Егински во Рединг, во близина на Лондон и Свети Ѓорѓи Кратовски во околината на Оксфорд, како и новоформиранта Црковна Општина Св. Три Ерарси во Фулда, С.Р. Германија, каде ја најави и првата Света Архиерејска Литургија на 15.02.2026 година.
На средбата се разговараше за збогатување на содржините на постоечките кампови за децата на иселениците во организација на Агенцијата за иселеништво со верски содржини и се донесе одлука Кампот за веронаука да влезе во редовната програма на Агенцијата.
Неговото Високо Преосвештенство г. Пимен
упати покана до директорот Ангелов за присуство на одбележувањето на 20- годишниот јубилеј од чинот на Неговата интронизација во Шведска, во ноември 2026 година. Директорот Ангелов се заблагодари за поканата и за посетата и му подари икона од Исус Христос во знак на почит и идна соработка.


