Home » Голема благодарност и високо одликување за Отец Тони во храмот „Св. Кирил и Методиј“ – Вилоубрук, Илиноис

Голема благодарност и високо одликување за Отец Тони во храмот „Св. Кирил и Методиј“ – Вилоубрук, Илиноис

by Stanela S
8 views
Нашата православна црква Св Кирил и Методиј во Вилоуброок Илиноис заедно со свештеникот Отец Тони, целата управа и сите волонтери и донатори упатува голема благодарност до целиот верски народ кои изминатите неколку дена ја посетија црквата за време на Божиќните празници.
За време на прв ден од Божиќ по завршувањето на Божествената литургија беше извршен свечен чин во кој неговото Високопреосвештенство Метрополитот на Американско – Канадска Епархија Г. Методиј го одликува нашиот парохискиот свештеник Отец Тони Јошевски со напрсен крст и произведен во чин Протојереј – ставрофор.
Ова е највисокото одликување на еден свештенослужител како признание за неговиот труд и пастирска грижа за стадото Христово.
Оваа прилика ја користиме да изразиме честитки до нашиот Отец Тони и да му се заблагодариме за сето она што го има направено за нашите верници на нашата православна Македонска црква Св. Кирил и Методиј.
Нека му е честито и благословено
Достоен ! Достоен ! Достоен !
Христос се роди
Навистина се роди

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе