На 18.12.2025 г. во Загреб свое претатавување имаше ново фрмираното
„Македонско друштво за култура, уметност и едукација Блаже Конески„.
Претставувањето на друштвото беше во пресрет на 19.12 , раѓањето на академикот Блаже Конески . За големината на македонскиот книжевник, преведувач, есеист, поет, критичар, член на МАНУ, и кодификатор на македонскиот стандарден јазик читаше студентката Тамара Спиркоска.
Македонското друштво за култура, уметност и едукација Блаже Конески се формираше на 20.10.2025 г во Загреб. Преку промовирање на македонската култура, традиција, македонскиот јазик и културно наследство друштвото ќе ги застапува интересите на сите Македонци кои живеат во Загреб и Загребската жупанија.
На присутните им се обрати претседателката на друштвото Катерина Зековиќ, презентирајќи ги целите и областите на дејствување како и плановите во иднина. Потпретседателката Калијана Дукиќ ги повика присутните да се зачленат и да земат активно учество во работата на друштвото. Со тоа друштвото ќе расте и созрее во институција која ке биде гордост за идните генерации.



