Home » Вечер на класична музика во Загреб

Вечер на класична музика во Загреб

by Rebeka Spasova
35 views

Во организација на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, на 12 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката и почеток на летото се одржа концерт на класична музика.

Концертот се одржа во исклучително пријатната атмосфера на салата „Тоше Проески“ во просториите на Македонската православна црква „Св. Злата Мегленска – Загреб“. Младите студенти од Музичка академија во состав: Јана Стоилевска, сопран, и Дамјана Апостоловски, сопран, во придружба на Марио Чопор, маг. арт. на клавир, како и Андреа Николовска, клавир, и Виктор Рафајловски, клавир, ја допреа публиката со музиката, изведувајќи програма со дела од познати композитори.

Овој концерт беше совршена прилика за сите љубители на музиката да доживеат магијата на класичните мелодии во пријатна атмосфера, истовремено Советот да ја реализира својата програмска активност од областа на културата, со која Советот има воспитно-образовна цел и развивање на културата на посетување културни настани и навиките за слушање класична музика кај помладите припадници на македонското национално малцинство.

Младите музичари и гостите ги поздрави Ирина Ангелова Попржан, претседателка на Советот на македонското национално малцинство за Град Загреб, која им се заблагодари на сите посетители што со своето присуство ја збогатија вечерта на класична музика!

По официјалниот дел од програмата следуваше неформално дружење на младите.

Дополнително прочитај и за:

Агенцијата за иселеништво ги врши работите што се однесуваат на положбата и правата на иселениците од Македонија

Последни вести

© 2025 – Сите права се задржани | Агенција за иселеништво
error: Content is protected !!

Почитувани, заради подобро корисничко искуство, Агенцијата за иселеништво користи „колачиња“ ("cookies"). Се согласувам Прочитај повеќе