Добредојдовте на МК Конект, благодариме за интересот за вклучување во националната платформа од којашто стручен тим на Македонската радио-телевизија МРТ ќе врши понатамошна селекција на дописници, со цел поактивна комуникација и поголема синергија со иселениците ширум светот.
За да добиеме подобра претстава за Вас и Вашите потенцијали и афинитети, потребно ни е да ја пополните долунаведената форма. Молиме да имате предвид дека мрежата што ја градиме е со учество на доброволна основа, без финансиски надомест.
Гордост е да се припаѓа на тим којшто од различни страни на светот ќе споделува информации преку нашата национална радио-телевизија и ќе покаже дека сме под едно сонце, поврзани!