Оваа Политика за приватност на личните податоци дава информации за начинот на кој Агенцијата за иселеништво а Република Северна македонија ги собира, управува, обработува и користи податоците собрани при посета на нејзината веб страница www.minisel.gov.mk.
Агенцијата преку нејзината веб страница не собира лични податоци за Вас. При посета на страницата, имајќи ја предвид природата на Интернетот, се собираат податоци кои ги евидентираат корисниците, но тие сами по себе не се доволни за да се идентификува одредено лице бидејќи претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страницата, односно даваат само податоци за навигација. При посета на страницата на серверот се создаваат логови кои ги содржат следните податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб страница и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страница на Агенцијата;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Време на чување на собраните податоци
Сите серверските логови во кои се содржани сите навигациски податоци за вашата посета автоматски се бришат при напуштање на нашата страница.
Безбедност на податоците на интернет
Сериозно ја сфаќаме безбедноста и преземаме бројни мерки на претпазливост со цел да се заштити безбедноста на лични податоци. Се користи HTTPS безбедносен протокол при обработка и пренос на информациите до нашите сервери.
Промени во политиката за приватност на личните податоци
Агенцијата има право да ја ажурира оваа Политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на веб страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница.
Прифаќање на условите
Со користење на веб страницата, корисникот се согласува со одредбите од оваа Политика за приватност. Континуирано користење на веб страницата, по промените на оваа Политика ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.
Контакт лица за заштита на лични податоци
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашите офицери за заштита на лични податоци:
Билјана Костова
(Офицер за заштита на личните податоци)
biljana@minisel.gov.mk
тел: +389 75 217 205