www.goncaperunkovska.com
www.goncaperunkovska.500px.com
FB: @goncaperunkovskaphotography
E-mail: goncaperunkovska@sunrise.ch
Instagram: @goncaperunkovska
GuruShots: @GoncaPerunkovsk
Гонца Перунковска, родена во Струмица каде завршува основно и средно образование. Дипломира на Економски факултет во 1994 год. Работи како раководител на меѓународна шпедиција на царински терминал во Струмица до 2004 год.
Во 2004 се преселува во Швајцарија, каде живее и денес. Мажена, мајка на две ќерки. Неколку години работи како книговодител во семејната фирма на сопругот. Моментално работи во Клиника за рехабилитација на стари лица.
Негува посебна страст за уметност, посебно за фотографија. Во Швајцарија завршува три курсеви за фотографија, после кои започнува со продлабочување на нејзината страст кон фотографијата со голем успех: 10 самостојни и неколку колективни изложби со нејзините фотографии во Швајцарија, признанија, први места и победи на фотографски конкурси, печатени фотографии во меѓународни енциклопедии и списанија…
Автор е на видео изложбата “Macedonian Love Story“ составена од 460 фотографии, презентирана во Обединетите Нaции во Женева во 2023.
Администратор на најголемата македонска фотографска група MACEDONIA – Photo Stories, како и на меѓународната фото група “Professional photography”.
Волонтер во хуманитарни здруженија во Швајцарија.
Членка на “ProLitteris“, швајцарски институт за заштита на авторски права од областа на визуелни уметности.
Членка е на Организацијата на Жени Македонки во Швајцарија (ОЖМ-ЦХ)
Од 2023 год. е Заменик Претседател на Македонскиот Национален Совет во Швајцарија (МНС) и Потпретседател за Кантон Тичино.